Портпаролот на Алијансата за Албанците, Флакрон Беџети го повтори сомневањето дека на изборите имало нерегуларности и не отстапуваат од тоа да ги оспорат.
„Ги покануваме ДИК, ДУИ, која било партија, која било меѓународна организација, која било заинтересирана или партија обврзана и сака да има правда, да избере избирачко место, какво и да е, во Зајас! Потоа споредете го бројот на оние кои гласале со бројот на луѓе што живеат таму, вклучувајќи ги и оние што влегле и излегле надвор од границите на земјата…
Ако бројките одговараат, ние сме подготвени да ги прифатиме сегашните резултати од изборите, и да ги подариме сите наши мандати, но ако овие бројки не одговараат, тогаш чекаме да се спроведе законот! Ние заслужуваме избори, а не кражба“, порача тој на својот Фејсбук профил.





