“Алибабатредичи” објави нова бомба: Ден Дончев знаел дека од земјава излегувале милиони евра (АУДИО)

Во новото видео што вечерва е објавено на социјалните мрежи повторно во главна улога е екс директорот на фондот за здравство Ден Дончев.



Во “бомбата” се слуша дека Дончев знае за огромни суми пари (10 до 15 милиони евра) кои што се ваделе од Македонија во Швајцарија со цел да се избегне плаќање на данок.

За кој случај се работи и дали за него Дончев пријавил во обвинителството засега нема информации.