„Али доаѓа“: Груби најавува спектакл во Чаир

„Ми недостигаше ваква мобилизација и еуфорија каква што се создава кога се очекува да дојде националниот лидер Али Ахмети. Ветувам невиден спектакл, особено за младите.



Не пропуштајте го, зашто потоа ќе барате да слушнете од другите како беше да се биде дел од историскиот митинг од кој ќе се гради иднината“, го најави првиот вицепремиер Артан Груби, доаѓањето на лидертот на ДУИ на митингот утре во скопски Чаир.

Меџити: Али Ахмети на собир на „артанисти“ во понеделник во Чаир

Собирот, кој деновиве се најавуваше под слоганот „Да.Тој доаѓа“ ќе се одржи кај спортска сала Шабан Трстена со почеток во 19:00 часот, објави Фокус.