Али Ахмети: Заев претера со изјави – нема да биде премиер

Порака ндо Заев да не создава проблеми со ДУИ „зашто не може да се справат со нас“ упати вчера лидерот на ДУИ, Али Ахмети.



„… Зоран Заев претера со изјави и прави нечесна работа. Не е тој што ќе ја однесе ДУИ во опозиција. Тоа го може само една сила, а тоа се тие се гласачите на ДУИ, тие се Албанци на Република Македонија, тоа е гласачкото тело.

Но, не и Зоран Заев“, изјави вчера во обраќање кон граѓаните на Гостивар лидерот на ДУИ , Али Ахмети осврнувајќи се на изјавите на Заев дека време е оваа партија и довчерашен коаслиционен партнер на СДСМ за замине во опозиција.

„Зоран Заев нема да биде премиер. Добро е за нивното здравје да не брзаат и да создаваат проблеми со нас бидејќи не можат да се справат. Така им се случи пред 20 години кога седнавме и преговаравме за многу големи прашања, територијални поделби и тие ја загубија играта мислејќи дека доаѓаме од планината и не знаеме ниту политика ниту дипломатија“, подвлече Ахмети.