Во една анализа на Албанската академијата на науки, објавена на 39 страници, се зборува за идејата за поделба на Косово и се нагласува дека актуелниот претседател на ДУИ Али Ахмети, кој во 2001 година беше водач на Ослободителната национална армија, дал поддршка за поделба на Косово, објавува „Алсат“
Според документот цитиран од косовски „Национал“, наречен „дестабилизирачки намери на Србија на Косово и на Западен Балкан“, Али Ахмети бил „еден од албанските лидери во Македонија кој мирно би ја прифатил поделбата на Косово“, а притоа не бил барал да се приклучат кон Косово или Албанија.
Академијата дури го обвинува Ахмети за дефакторизирање на Албанците во С. Македонија по Договорот од Преспа, бидејќи, според анализата, веќе не се релевантни, особено во надворешната политика, иако во моментов министер за надворешни работи е Бујар Османи.







