Лидерот на владејачката ДУИ Али Ахмети се надева на поголема излезност во вториот круг.
„Јас мислам дека на 5-ти мај ќе се одлучува дали оваа земја ќе биде успешна и со тоа ќе испратиме порака до меѓународната заедница дека на 5 мај сме гласале за што поскоро членство во НАТО и ЕУ“.
Тој ги отфрли наводите дека ДУИ немале силна кампања: „Сите органи на партијата се мобилизирани и го даваат максимумот за што поголема излезност на петти мај“, велии Ахмети.




