Али Ахмети “се подизгуби” со бројот на пратеници Албанци (ВИДЕО)

Учествувајќи во ТВ емисија каде ги објаснуваше резултатите на изборите лидерот на ДУИ Али Ахмети направи математичка грешка која не би ја направил ниту четвртооделенец.



Ахмети се обиде да ги пресмета сите Албанци кои добиле пратеничко место при што крајната бројка што ја доби излезе 34 што е различно од вистинскиот број на пратеници Албанци.

Ахмети на свое конто ги стави сите пратеници Албанци (ДУИ, Алијанса, Алтернатива, Беса, СДСМ, ДПА) со што најави дека и во периодот пред нас етничката агенда за него е приоритет пред граѓанската.