Лидерот на ДУИ Али Ахмети, на вчерашниот 4.Конгрес на партијата, елегантно отстрани од највисокото раководство дел од старите кадри.
Вицепремиерот Садула Дураки, некогаш десната рака на Али Ахмети Муса Џафери, контроверзниот Бекир Асани, поранешниот вицепремиер Хазби Лика… од вчера не се дел од највисокото раководство на ДУИ. Во Генералниот совет на владејачката ДУИ не влегоа ниту Аднан Јашари, Фатмир Бесими, Атила Реџепи, Рафиз Алити…
Партиски извори брифираат дека некои од мошне експонираните кадри на ДУИ не се веќе дел од најтесното раководство на партијата поради забелешки на членството за нивната работа, дознава „Плусинфо“.
Ахмети со акламација повторно беше избран за лидер на партијата. За него гласаа повеќе од 800 делегати кои учествуваа на Конгресот што се одржа во Скопје, а тој беше и единствениот предлог за лидерската функција од сите 36 ограноци на ДУИ.





