Али Ахмети не сака предвремени избори

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Институтот за културно и духовно богатство на Албанците рече дека предвремени парламентарни избори не се опција па и ако нема договор за Специјалното јавно обвинителство.



„Мислам дека една таква опција не би била корисна, не би била функционална. Решение не се предвремени избори, затоа што никој нема да даде гаранции дека ќе се постигне двотретинско мнозинство, ако се организираат предвремени избори“, проценува Ахмети.