Лидерот на ДУИ, победничката партија во албанскиот кампус, Али Ахмети вчера телефонски разговарал со претседателот на ДПА Мендух Тачи и со претседателот на Беса, Билал Касами.



Тој за разговорот сподели на Фејсбук и најави разговори и со претседателите на другите албански партии Африм Гаши, Зијадин Села и Весел Мемеди.

„Заеднички ќе го процениме резултатот од изборите и ќе размениме мислења“, сподели Ахмети на Фејсбук и постираше фотка од средбата на лидерите на партиите на Албанците кај премиерот на Албанија Еди Рама за таканаречената Тиранска платформа, која беше топ тема во кампањата за изборите во 2016 година.

Ахмети, потсетува дека ДУИ доби 15 мандати, на изборите на 15 јули, што го засилува и нивното барање за Албанец-премиер.

„ Со 15 мандати, ДУИ станува уште помоќна за почеток на преговори со македонските партии. Како што кажавме, оваа идеја е поголема од ДУИ и од која било друга партија. Затоа сакаме да ги обединиме и вклучиме сите албански партии, особено сите граѓани во нашата национална кауза. Али Ахмети и Демократската унија за интеграција веќе контактираа со другите албански партии за сериозни разговори за поддршка на идејата за албанскиот премиер кој ќе работи за сите граѓани и државата воопшто. Причината поради која ни верувавте и гласавте без партиска боја, оставајќи ги партиите настрана, ни дава храброст и надеж за исполнување на обврската – напиша кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец, Насер Зибери.