Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците кое вчера се всели во новата барокна зграда, синоќа ја имаше и првата активност: роденденска прослава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.



Настанот предизвика очекувани реакции на социјалните мрежи по информациите дека Владата ја купи оваа зграда – која ја изгради Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор – во вредност од 14 милиони евра во која своја канцеларија доби првиот вицепремиер Артан Груби.

Груби, на социјалните мрежи објави фотографии од внатрешноста на луксузно опремениот простор со порака „Ова е нашиот дом“.

„Нашиот нов дом“ претходно напиша Груби, објавувајќи фотографии од зградата и од внатрешноста на објектот, додека пак на „роденденската “ фотографија јавноста реагираше со критики кон ДУИ дека никој не носи маска и дека нема ниту една жена на масата.