Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска треба да се појави на сослушување во Специјалното обвинителство за Косово во Хаг.
Бујат Османи вчера изјави дека Ахмети во Хаг е повикан како сведок.
Ахмети треба да биде испрашуван во врска со војната на Косово.
Од специјалното обвинителство за Телма, минатиот месец, кусо изјавија дека до конечното одобрување на обвинителниот акт во јавноста не споделуваат детали ниту пак се знае кој е обвинет, а кој сведок и тоа правило важи и за Ахмети.
Пред изборите лидерот на ДУИ објави дека е поканет да сведочи затоа што бил дел од раководството на ОВК за време на војната со српските сили. Тој додаде дека ќе ги брани светлите цели на албанската ослободителна борба.





