Сите функцинери да поминат низ процес на ветинг, за да се провери како го стекнале имотот, но и за да се изврши контрола на нивната личност, бара лчидерот на ДУИ, Али Ахмети кој на средба со ИРИ во Собранието, барал совети за примена на системот за проверка во земјава.
Според Ахмети преку овој систем на проверка ќе се спречат напади врз функцинерите и ширењето лажни вести.
Ахмети рече дека не е во тек со случајот на пратеникот Павле Богоевски кој призна дека купувал масло од канабис за близок роднина.
„Не сум во тек со случајот за Богоевски и затоа бараме ветинг“, рече Ахмети.
Лидерот на интегративците вели дека уште не разговарал со премиерот Зоран Заев за множна реконструкција на Владата.





