Игор Спасов, осудениот за убиството на Мартин Нешковски е избеган во Холандија, дознава неофицијално ТВ Алфа.
Границата ја поминал на нелегален граничен премин, а потоа најверојатно патувал со патната исправа која не му била одземена кога судот во Штип му ја одложил затворската казна на 14 месеци.
Извор за Алфа ТВ брифира дека бегалецот Спасов, државата ја напуштил пред околу еден месец.
Игор Спасов во 2012 година беше осуден за убиството на Мартин Нешкоски. Тој одлежа половина од затворската казна, а поради здравствени причини судот во Штип во повеќе наврати му ја прекинуваше казната.





