Првиот човек на Директоратот за билатерални односи со европски држави, Методија Белевски бил високиот функционер од МНР кој вршел политички притисоци врз одлуките на мешовитата комисија за историја, откриваат за Алфа високи дипломатски извори од Министерството. Според брифингот кој го добила Алфа, Белевски инструкциите ги добивал од повисоките инстанци во МНР, а неговата задача била да влијае на она што членовите на Комисијата треба да го донесат како дел од заедничката историја со Бугарија. Истите извори велат дека Белевски бил дел и од делегацијата на последната посета на македонските власти во Софија и е една од врските со тамошните институции, што се потврдува и од официјалните видеа објавени на каналот на Влада пред три месеци .
Алфа побарала официјален став и од МНР за информациите, дали Белевски е дипломатот кој беше посочен дека вршел политичко влијание при носењето на одлуките во Комисијата, но и дали Министерството ќе ја преиспита работата на историчарите и ќе преземе чекори по обвинувањата на членот на Комисијата Ванчо Ѓорѓиев кој ја напушти работата на истата.
Одговор стигна од МНР, ама не тоа што било побарано. Сепак од министерството не ја демантираат информацијата на Алфа дека Белевски е дипломатот кој е директно поврзан со скандалот кој го објави професорот Ѓорѓиев.
Целиот прилог на следниот линк:





