Алфа ТВ: Има ли конфликт на интереси меѓу ЕУ амбасадорот и советник на премиерот?

Брисел ги разгледува прашањата во кои се наведува можен конфликт на интереси во кој е инволвирана Делегацијата на Европската Унија во Македонија. Случајот се однесува на резиденциајта на ЕУ која е сместена во куќа на висок владин функционер. Телевизија Алфа вчера испратила прашања на повеќе меил адреси до Брисел но и до Делегацијата на ЕУ во Скопје.



„Ви благодариме на вашите прашања, ќе биде проверено и ќе бидете дополнително известени. Се најдобро“, пишува во одговорот на А. Смерили, прес- директор за Европска соседска политика и преговори за проширување – Европската Комисија, објави Алфа.

Фатмир Бесими, сопственикот на куќата, советникот за економија на премиерот и екс-вицепремиер за европски прашања вчера изјавил дека се било законски спроведено преку Агенција за недвижности и во времето кога тој бил надвор од државата и не извршувал владина функција.

Од делегацијата на ЕУ во Скопје засега нема одговор. Прашањата кои останаа неодговорени беа – Има ли конфликт на интереси кога претставништето на Брисел во Скопје е сместено во куќа на владин функционер и колку тоа се коси со објективните и непристрасни вредности на ЕУ? Каква е процедурата за одредување на местото каде престојува амбасадорот и колку е цената по која се рента куќата каде е сместен евро амбасадорот Самуел Жбогар.

Инаку Минатата година дел од словенечките медиуми пишуваа за Словенечка афера за перење пари. Станува збор за еден од најголемите корупциски скандали во историјата на Словенија во вредност од една милијарда евра за Ирански пари кои наводно се переле преку банката во државна сопственост. Во тој период Жбогар бил министер за надворешни работи на Словенија. Целиот случај беше под истрага во која што беше споменат и актуелниот амбасадор на ЕУ.

Ианку Од јули 2016 година, Самуел Жбогар ја предводи делегацијата на ЕУ во Македонија.