Откако штабот на Пендаровски ја обвини ТВ Алфа дека не ја говори вистината за ТВ дебатата на која тој требаше да се соочи со Гордана Сиљановска реакција на новинарката која ја водела комуникацијата и која требаше да биде домаќин на дуелот.
Искра Коровешовска вели дека поканата до Пендаровски била испратена на 9 април по што на 17 април била добиена потврда за настапот на кандидатот на власта.
Има неколку прашања на кои треба да одговорат Пендаровски и неговиот тим, вели Коровешовска.
“Бидејќи тимот на Пендаровски смета дека Алфа шпекулира и шири неточни информации, се чувствувам должна да објаснам, односно да им поставам неколку прашања, бидејќи договарањето на дуелот одеше преку мене, односно требаше да го водам јас.
Известувањето дека нема да учествува заради наведените причини, како однапред испланирани активности и слично… стигна во 10.51 денеска, додека тимот на Силјановска Давкова од старт, веднаш, даде потврден одговор, па дури беа и подготвени да се прилагодат на тимот на Пендаровски.
Еве јас сега прашувам:
Зошто чекавте да одговорите дури денеска кога барањето за ТВ Дуел, уредно и писмено беше испратено на 9 април?
Зошто потврдивте учество на 17 април,на вибер, за што имаме докази од комуникацијата, а потоа се предомисливте, до последно држејќи во неизвесност ?
Ако сме искрени нека сме искрени до крај! Алфа не шпекулира!”, вели во пораката до тимот на Пендаровски новинарката Коровешовска.
Предходно Пендаровски остро ја нападна и новинарката Снежана Лупевска откако таа објави дека тој го откажал и ТВ дуелот на Телма.





