Ален Лероа: На Македонија нема да ѝ се случат „жолти елеци“

Фото: ФОКУС



„Не мислам дека на Македонија некогаш ќе и се случат „жолтите елеци“. Знам дека и во Македонија има проблеми, има голема сиромаштија, но сепак не е исто.

Во Франција имаме традиција на револуции, а и такви се луѓето“ вели Ален Лероа, француски дипломат и политичар кој во кризниот период од 2001 година беше специјален претставник на ЕУ.

„Што се однесува до Македонија, мирот е тука, стабилноста исто така“ вели тој во интервју за „Фокус“.

Лероа се надева дека Македонија ќе има успешни претседателски избори

„Верувам дека луѓето нема да одат повторно на бојкот. Со изборот на нов претседател и влезот во НАТО, ќе дојдат нови инвестиции во Македонија“.