Ентони Делон потврди дека му ветил на својот татко Ален дека ќе биде со него на денот кога познатиот француски актер ќе реши повеќе да не живее.
Откако доживеа мозочен удар во 2019 година, Ален Делон (86) во своите изјави имаше неколку алузии до крајот на животот, а во јавноста беше споменато дека најверојатно ќе одлучи да еутаназира.
Во интервју за RTL, помладиот Делон откри дека му ветил на својот татко дека ќе го следи и ќе му помогне на денот кога ќе реши повеќе да не живее.
Претходно, сопругара на Ален Делон, Натали одбра смрт од милосрдие , како што ја нарекуваат евтаназијата, во јануари 2021 година.
По мозочниот удар, Ален Делон се опорави со престојот во Швајцарија, чие државјанство го има повеќе од две децении.
Тој ретко се појавува во јавноста но дојде да се прости од својот колега-актер Жан Пол Белмондо во црквата Сен Жермен де Пре во септември минатата година, поздравувајќи ги насобраните со зборовите.
„Немаше да биде лошо да отидеме заедно“.






