Најавата на грчкиот премиер Алексис Ципрас дадена на Меѓународниот форум во Делфи, дека тој ќе биде првиот грчки премиер кој ќе ја посети Северна Македонија, ќе се оствари во април. .
Ципрас на посетата во Скопје ќе биде придружуван од група претприемачи кои се активни во туризмот, угостителството, градежништвото и енергијата.
Истовремено, во Атина и во Скопје, исто така, се подготвува и посета на Зоран Заев за Атина, која би била возвратна и најверојатно, пртед велигденските празници.





