Писателката и професорка по македонски јазик Татјана Алексиќ не може да разбере како претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски молчат и не преземаат ништо во врска со смената на директорот на државната кардиологија професорот Јовев кој беше сменет од министерот за здравство од Алијанса за Албанците за на негово место да донесе човек што никогаш не оперирал срце.
,,Треба да учиме што е професионализам и патриотизам преку делата на д-р Јовев! Не знам како господата претседател и премиер на Македонија, мирно спијат по разрешувањето на еден ретко одговорен и посветен менаџер и кардиохирург”, се чуди Алексиќ.
Премиерот Ковачевски кој ја води владата и има ингеренции да интервенира и претседателот Пендровски кој како шеф на државата може да отвори дебата за смената на Јовев со денови молчат за скандалот во кој беше сменет кардиохирургот.






