Македонецот од Австралија, Александар „Велики“ Волкановски, на убедлив начин си ја одбрани светската титула во ултимејт фајт во перолесна категорија, славејќи со технички нокаут против Кореецот Чанг Сунг Јунг.
Судијата на мечот во американскиот град Џексонвил, Херб Дин, ја прекина борбата по 45 секунди од почетокот на четвртата рунда, кога Волкановски уште еднаш го разниша противникот со прекар Кореецот Зомби со два удара со десната рака.
Со триумфот над четврторангираниот предизвикувач, гордоста на македонската заедница во Австралија сега има скор од 24 победи и еден пораз во досегашните 25 професионални УФЦ-борби.






