Официјалниот профил на Твитер на тенискиот гренслем во Вимблдон го одбележа големото изненадување на АТП-финалето во Лондон со илустрација на која победникот Александар Зверев од Германија го спореди со Александар Велики.
Зверев во финалето славеше со 6-4, 6-3 против првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ и го освои завршниот турнир во сезоната и со своите 21 година стана најмладиот кому тоа му успеало на неофицијалното светско првенство во тенис.
Подвигот на Германецот со руско потекло го прави уште поголем победата и над најуспешниот тенисер во историјата Роџер Федерер од 7-5, 7-6 (5) во полуфиналето, како и фактот дека од Ѓоковиќ во групната фаза беше збришан со 6-4, 6-1.
Зверев е третиот тенисер од Германија по Борис Бекер и Михаел Штих со највредниот трофеј по тие од четирите гренслеми.




