Александар Ѓерасимовски, момчето несреќно родено како Македонец

Кристијан Јандриоски ја раскажува тажната приказна за Александар Ѓерасимовски кој како и илјадници негови колеги не може да се вработи затоа што некој партиски “глушец” незаслужено го заземал неговото место.



“Александар Ѓерасимовски дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје со просек 9,95, имал само две деветки.

Бил одбиен за работа од многу државни компании, меѓу кои и МЕПСО.

Добитник е на наградата “Инженерски Прстен”.
Конкуруирал за работа во ЕЛЕМ и во ЕВН но од секаде е одбиван.

Испратил писмо и до владата на Република Македонија, но од тамо му рекле да се јави после локалните избори.

После тоа се јавил но овие се правеле на Тошо, нешто што е нормално за Сдс откако ќе зграби власт.

Инаку како парадокс да наведеме е дека денес се обелодени и тоа дека во МЕПСО својата сестра си ја вработил и најбогатиот министер во владата на Заев, министерот Бектеши.

Претходно тамо се вработија и еден куп швалерки и фризерки, синови, мајки, ќерки, татковци на функционери на Сдс.

Исто така негова несреќа е што е Македонец и не припаѓа на оние 16 посто, па да може да џабелебари низ државава на сметка на некаков си меѓупартиски факинг договор.

Македонијо…не се самораспуштај…
Македонијо…УБИЈ СЕ!!”, пишува Јандриоски.

Expres.mk нема многу што да додаде, освен дека вакви примери имало од независноста вклучително и во предходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.