Алекс Ружин, јунак во твитот на неделата

Набавката на 53000 евра скапите гуми за Мерцедесот “на Груевски” предизвика многу коментари во јавноста.



Еден од најдуховитите се појави на Твитер а алудира на најновиот советник на Заев синот на ексамбасадорот Нано, Александар Ружин.

“Шо ти значи кога ќе вработиш советник со фирма за гуми у премиерски Кабинет.
Резултатите веднаш видливи.
Контрибјутед бај Алекс Ружин”, гласи духовитиот твит.

Во биографијата на Ружин Јуниор кој е советник за Франција и земјите од Бенелукс пишува дека е сопственик на фирма за гуми и бандажи.

Набавката на 53000 вредните гуми се случува една недела откако Ружин со експертиза за гуми стана советник.