Алчни копилиња, канцероген мазут, загаден воздух, кражба на цитостатици, корумпирани судии и обвинители …

Екс обвинителот Војо Димоски со своја анализа на ситуацијата со која се соочува Македонија.



,,Некое алчно копиле од отпадите на цивилизирана Европа набавило евтин канцероген мазут.

Друго копиле истиот мазут го согорувало во своите печки, задоволно делејќи го профитот со првото копиле. Трошки од профитот имало и за цариникот што ги пропуштил цистерните на смртта, но и да се замижат очите на обвинителот кому новинарите по којзнае кој пат му ги сервирале сите докази за криминалот.

Загадениот воздух, како нуспојава на бомбона бизнисот, ја полнел Онкологија, каде заради личен профит некој лекар наместо лекови на болните им давал солена вода. Лековите ги продавал за пари од кои им плаќал луксузни одмори на сопствените размазени дечишта на тој начин заробувајќи ја и нивната душа во мрежите на нечестивиот.

Онкологија, модуларни болници, канцероген мазут… Сето тоа се жртвеници на кои се принесуваат дарови на богот на алчноста.

Нема место за оптимизам дека ова судство и ова обвинителство ќе решат нешто од ова. Да бидиме реални”, пишува екс обвинителот за најновите скандали со токсичен мазут, кражба на лекови на Онкологија и редовната состојба во правосудството.

Поврзани вести

Институциите знаат за катастрофата повеќе од 15 месеци но на луѓето на Ахмети не им фали ни влакно од глава

Фирма блиска на ДУИ продавала токсичен енергенс кој може да предизвика канцер

Кој и помогнал да добие полесна кривична пријава, со кого работела и зошто веднаш не се расчистил огромниот криминал и нечовечност

Вработена на Онкологија пред 6 месеци фатена во кражба на цитостатици, никој не ја знае нејзината судбина

На фотографијата е државниот обвинител Љубомир Јовески кој за 24 часа може да расчисти најголем дел од страшните случаи.