Лидерот за Самоопределување и кандидатот на партијата за косовски премиер, Албин Курти, прогласи победа на предвремените парламентарни избори во Косово.



Курти изјави дека од денес започнува да работи на создавање нова Влада со него како премиер.

„Ќе се поврземе со Демократскиот сојуз на Косово за крунисување со промените. Кога опозицијата ќе стане влада, тогаш промената е крунисана“ рече Курти.

Албин Курти, се стекна со слава како студентски активист, протестирајќи против српската репресија во 90-тите години, но и како неколкупати затворан „бунтовник“ против косовските власти.

Ја прифаќаме пресудата на народот и Демократската партија на Косово оди во опозиција“, призна Кадри Весели, чија партија е врзана со претседателот Хашим Тачи и е на власт од 2007 година.

Алијанса за иднина на Косово на Рамуш Харадинај е трето пласирана и го призна поразот.

Десет од 120 места во косовскиот парламент се резервирани за етничките Срби кои според изборните резултати ги доби Српската листа. Уште десет места се за другите малцинства.

За најгорливото прашање, односите со Србија Албин Курти најави дека како премиер, тој ќе ги преземе одговорностите што му припаѓаат според Уставот, и дека под негово водство нема да има прашање за тоа што Косово giving дава на Србија како замена за признавање, туку за долгот на Србија кон Косово.