Албин Курти нема време за Хашим Тачи

Лидерот на косовското Самоопределување, Албин Курти, ја одби поканата на косовскиот претседател Хашим Тачи за состанок, пренесува „Газета Експрес“ бидејќи бил зафатен – надвор од Приштина.



Претседателот Тачи го покани Курти на состанок во 13:30 часот во Претседателството со цел да му го даде мандатот за формирање влада на Косово.

Вчера косовскиот парламент избра претседател на Законопдавниот дом, а приштоински медиуми јавија дека влада ќе формира лидерот на Самоопределување, Албин Курти.