Делегација предводена од косовскиот премиер Албин Курти денеска ќе допатува во официјална посета на Македонија.



Од Министерството за внатрешни работи информира дека денеска и утре (09.и 10.02.2024)  во Скопје има посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

Од МВР апелираат учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.