Албанците кои живеат надвор од територијата на Албанија – во соседните земји или во дијаспората – ќе можат да добијат албанско државјанство доколку нивните предци имаат албанско потекло.
Ова го предвидув Предлог-законот „За државјанство“ усвоен од владата на Еди Рама кој со измена на еден член ќе овозможи стекнување државјанство врз основа на потекло.
„Странец ќе може да добие албанско потекло ако неговите предци имале албанско потеклои под услов да докаже семејна врска во директна линија до трето колено на барателот со предците“, предвидува законот.
Предлог-законот предвидува лицаа родени на територија на Албанија автоматски да добијат албанско државјанство.
Извор: „Стандард“





