Тие ѝ дадоа рок на владата доколку не ги исполни нивните барања до утре ќе почнат штрајк со глад.



Универзитетските професори бараат зголемување на платите за 30 отсто оваа и 20 отсто следната година, додека владата одобри 7 отсто од буџетот, како и 8 отсто од средствата на универзитетите, со што не се согласуваат.

Наместо со предавања, на 17 минатиот месец професорите академската година ја започнаа со протести за подобри услови и зголемување на платите.

Албанскиот премиер Еди Рама деновиве им порача да не се надеваат на дополнително зголемување.

„Зголемување на платите нема да се случи додека не дојде редот, по пензионерите на крајот на годината и по крајот на зимата, кога ќе ги избалансираме трошоците за заштита поради високите цени на електричната енергија“, им порача Рама.