„Претседателот на албанската влада Еди Рама на денешната прес-конференција рече дека би бил среќен, ‘ако Владата на Албанија би имала на располагање една личност како Бујар Османи’. Рама кажа дека министерот за надворешни работи на с.Македонија Османи ‘супер’ ги водел преговорите за францускиот предлог на средбата на врвот на НАТО во Мадрид, во Шпанија.“ – објави информативниот портал „Еуроњуз Албанија“.
„Еуро њуз Албанија“ пишува: „Премиерот Еди Рама за Еуроњуз Албанија изјави дека е во постојан контакт со неговиот македонски колега, во овие денови на реплики и дискусии за прашањето за преговорите.“
„Рама рече дека Бујар Османи го водел на многу добар начин целиот овој процес.“
‘Бевме во постојан контакт. Разменувавме мислења за динамиката на процесот. Во центарот на процесот беше Бујар Османи, личност за која би бил многу среќен кога би имале можност да го имаме на располагање во владата на Албанија, супер, супер. Османи беше личноста, која го водеше процесот од страната на с.Македонија, супер. Јас помогнав колку што можев.’ – изјави Рама.“





