Амбициите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Балканот наидува на силен отпор од албанскиот национализам, а обидот на Анкара да наметне влијание врз Албанците врз основа на заедничката исламската религија може да има контраефект за Ердоган.



Зашто – како што пишува Ставрос Ѕимас во напис за „Катимерини“ – мнозинството Албанци даваат приоритет на нивниот национален, а не верски идентитет.

„Албанците може да прифатат турски инвестиции или пари за изградба на џамии, но многу малку од нив сакаат да живеат во една демократија каква што Ердоган има дома”, пишува Ѕимас кој вели дека „најголемиот дел (од Албанците – н.з.) ги имаат фиксирани нивнитете очи на Запад, каде што ја гледаат иднина за себе и, што е најважно, на своите деца“.

Исто така, на турскиот влијание се гледа како на ехо од некогашната отоманската доминација против која биле Албанците. Дека тоа е така, Ѕимас го споменува случајот кога група Албанци го избришале турско знаме изгравирано на хидроцентрала изградена со турски пари во близина на албанскиот град Скадар.

„Ердоган се гледа себеси како лидер на муслиманите кои живеат во Балканскиот Полуостров, но кога тој неодамна ја посети поранешната југословенска Република Македонија (ПЈРМ), водачот на најголемата етничка албанска политичка партија, Али Ахмети, одби да го придружува на турнеја низ етнички албански села и тоа им го забранил и на неговите министри“, пишува Ѕимас.