Откако вчера беше објавен скандалот дека многу медиуми во нашата земја се финансирани од Грција, “Факс њус” ги обезбеди имињата.
„Албански слободен печат“, „Ноа.ал“, „Химара.Гр“, „Епир“ (весник за северна Грција), Институт за медиумски студии, се медиумите кои во Албанија се офајдиле од грчките тајни фондови, пишува приштинска „Газета експрес“.
Но, ова не е комплетна листа, бидејќи постои сомневање дека има многу други медиуми кои сé уште не се објавени, се вели во написот.
По скандалот дека од грчкото МНР тајно биле доделувани средства на медиуми и на новинари во Албанија и во Македонија кои„ во текот на годините имале корист од милиони евра од соседната земја“, порталот пишува дека вниманието на Грција во однос на Албанија било фокусирано на договорот за разграничување на морето меѓу двете земји (со што Грција добива добар дел од територијалните води).
„Има сомневања дека имало финасирање со цел да не се третира или да се остави во тишина прашањето на Чамите (во Грција- нз.з)“ пишувауште „Газета експрес“.





