Станува збор само за непрецизно означување или косовската претседателка сака нешто друго да каже во објавата на Твитер за средбата со градоначалници на некакви си „албански општини“ во Македонија, иако такви има само во Албанија, како што на Косово тие се косовски, во Србија српски, а во Македонија македонски.
„Додека бев во Тетово, се сретнав со градоначалниците на албанските општини во Северна Македонија. Разговаравме за потребата од продолжување на зајакнувањето на Албанците во земјата преку зголемени инвестиции во нивните општини, соработка со Косово и нивната суштинска улога во иднината на МК“, твитна Османи.





