На граничниот премин „Богородица“, вчера бил спречен обид за шверц на 50 килограми марихуана. При контрола на патничко возило „опел мерива“ со албанска таблички управувано од А.M. (44), а сопатник бил А.M.(18), двајцата од Република Албанија, во посебен бункер, граничните служби откриле повеќе пакувања марихуана со вкупна тежина од 50 килограми.



Шверцерите се уапсени, а возилото е времено запленето.