Арди Велиу, генералени директор на албанската полиција одби да одговори на прашање на албански новинари за изјавата на македонскиот државен јавен обвинител Љубомир Јовевски дека албанските власти не доставиле снимки од камери за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски бидејќи тие наводно биле избришани.



„Предмет на прес-конференцијата не е тоа прашање. Немаме информации за ова прашање“, изјавил Велиу според тиранската телевизија „Ора њуз“.

Прес-конференцијата била посветена на акцијата во која беа уапсени 32 лица, меѓу нив и полициски службеник, за недозволена трговија со луѓе од Албанија кон западно-европските земји и САД.