Албанската опозиција упати повик до ЕУ и САД поради „неинтегрирањето на земјата во ЕУ“ – ја посочува Владата како „директен виновник за тоа“

Изет Меџити од Демократското движење, Африм Гаши од Алтернатива и Билал Касами од Движењето Беса – дел од таканаречениот „опозициски блок“ – упатија критики до претседателот на Собранието Талат Џафери за, како што велат, прекинот на седницата за уставни измени, со што тој му го продолжи животот на „кревкото мнозинство“, јавува ТВ21.

„Откако денеска во Собранието на Р*М беше ставена на дневен ред расправата за уставните измени, по завршување на дискусиите и исцрпување на расправата, претседателот на Собранието без никаква формална причина не ја стави на гласање предлог-потребата за отворање на Уставот. Тоа остави да се подразбере дека парламентарното мнозинство и оваа Влада го знаат исходот од тоа гласање и затоа не сакаа да се соочат со немањето потребно мнозинство за уставни измени.“

„Немањето двотретинско мнозинство од пратениците е и немање легитимитет за продолжување на власта. Наместо да го стави на гласање предлогот за уставните промени, за да се докаже дека се поседува потребното двотретинско мнозинство, претседателот на Собранието Талат Џафери му направи уште една услуга на ова парламентарно мнозинство, за да ѝ го продолжи животот на оваа власт уште неколку дена, колку да доврши уште некоја финансиска трансакција.“ – велат од „опозицискиот блок“.

Тие му упатија повик на меѓународниот чинител. „Наоѓајќи се во оваа ситуација, кога на страна на власта нема повеќе свесна страна за историскиот момент на земјата, им упатуваме повик на нашите меѓународни стратегиски сојузници – ЕУ и САД – да и стават на знаење на оваа Влада дека ги надминува сите ‘црвени линии’ и дека таа е сега единстениот и директен виновник за неинтегрирањето на * Македонија во ЕУ“ – стои во соопштението на „Опозицискиот блок“.