„Европскиот сојуз за промени ја повлече поддршката за уставни измени! Албанската опозиција оценува дека Владата не е подготвена за промена на Уставот, па затоа отсега нема да ја има поддршката од Европскиот сојуз за промени кој во Собранието има 6 пратеници.“ – објави ТВ Алсат.
ТВ Алсат пишува: Лидерот на Движењето Беса Билал Касами изјави дека тоа што Владата покажала резервираност за менувањето на терминот „20 проценти“, со кој во Уставот се именува албанскиот јазик, докажува дека не сака поддршка од албанската опозиција во овој процес.
„Сега гледаме дека оваа Влада не сака да го продолжи интегративниот процес. Оваа Влада мора да си оди. Со неа нема повеќе поддршка за уставните измени“ – рече Касами.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска кусо искоментира дека за промена на Уставот се потребни две третини од пратениците, односно најмалку 80 гласови. „Ние сме во процес на промена на Уставот, за што ни треба мнозинство од две третини“, рече Џафери.
Тој рече вчера рече дека Расправата за отворањето на Уставот закочи на крајот од расправата. Седницата беше прекината, поради немање доволен број пратеници за да продолжи. процесот. Со измените се предвидува вклучување на Бугарите во преамбулата, што претставува услов за Македонија да ги продолжи преговорите за членство во ЕУ.
Македонската опозиција отворено соопшти дека нема да ги поддржи измените. Албанската опозиција како услов го постави отстранувањето на терминот „20 проценти“ и да се усвои амандман за незастарување на кривичните дела поврзани со злоупотреба на службената должност.





