Демонстранти од албанската опозиција и денес се обидоа насилно да влезат во парламентот со намера да изнудат оставка на владата и предвремени избори.



Демонстрантите предводени од централнодесничарската Демократска партија користеа чадни бомби и проектили и се судрија со полицијата во обид да го пробијат кордонот околу парламентот.

За протестот се ангажирани повеќе од 1300 полицајци, но и припадници на специјалните единици. Состојбата малку се смирила по пристигнувањето на лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша. Пред насобраните луѓе се обраќаат поранешни пратеници.

Опозицијата ја обвинува левичарската влада на социјалистот Еди Рама дека е корумпирана и поврзана со организираниот криминал.

Од средината на февруари поддржувачите на опозицијата постојано се обидуваат да упаднат во парламентот или зградата на Владата, а полицијата одговара со солзавец и водени топови.

Социјалистите ја обвинуваат опозицијата дека го нарушува угледот и напредокот на Албанија кон ЕУ.