Албанската опозиција повика на бојкот на локалните избори

Уште еднаш, лидерот на најголемата албанска опозициска сила,Демократската партија, Љуљзим Баша, ги повика албанските граѓани да ги бојкотираат локалните избори на 30 јуни и повтори дека кризата во земјата може да биде решена само со заминување на премиерот Еди Рама.



Баша предупреди дека врз граѓаните се врши терор за да излезат на избори од страна на „ инспектори,полицијата или другите слуги на Еди Рама“.

„Ве повикувам да не бидете дел од оваа фарса, која служи само за криминалот и личната власт на Еди Рама. Овие избори се нула. Тие нема да бидат признати.

Ве уверувам дека крајот на Еди Рама е блиску. Ве уверувам дека Албанија има можности и сила да излезе од амбисот каде што падна и да почне да гради достојна иднина, како и секоја друга европска земја. Ние сме мнозинство. И ние сме посилни од злото“, порача Љуљзим Баша.