Албанската опозиција одржува средби со Таравари и АА: Треба да одлучат дали ќе ѝ се придружат, или ќе останат со владината коалиција

Претседателот на Демократското движење Изет Меџити денеска изјави дека Европскиот сојуз за промени, која ја опфаќа здружената албанска опозиција, одржува засилени средби со лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари. Според Меџити, останува Таравари и АА да одлучат дали ќе ѝ се придружат на опозицијата, или ќе продолжат со владината опција, како што рече тој.



ТВ Алсат пишува: „Имаме засилени средби сме со претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој во расправата во органите на Алијансата за Албанците ќе одлучи дали ќе ѝ се придружи на опозицијата, или ќе остане со владината опција.“ – кажа Меџити, додавајќи дека Европскиот сојуз за промени се уште не зборувал за броеви и имиња што се однесува до идните избори.

„Како коалиција ние не сме зборувале се уште за бројки и имиња, бидејќи насочени сме кон тоа да дадеме се од себе, за да дојдеме до промени. Порано проблемот беше обединувањето на позицијата и таа сега секојдневно расте додека позицијата се намалува.“ – посочи претседателот на Демократското движење во состав на Европскиот сојуз за промени.