Албанската опозиција го обвинува Груби дека врши притисоци врз судиите, обвинителите и политичките противници, бара негово разрешување!

„Европскиот сојуз за промени го обвинува Артан Груби дека со пари на граѓаните финансира десетици портали, преку кои врши притисок врз судиите, обвинителите и неговите политички противници. Албанската опозиција бара негово разрешување од функцијата прв вицепремиер и министер за политички систем.“објави ТВ Алсат.



ТВ Алсат пишува: Од Европскиот сојуз за промени нагласуваат дека порталите се регистрирани на име на лица блиски до ДУИ и Груби, додека просториите на Министерството за политички систем не се во служба на граѓаните, туку служат како канцеларија на медиумскиот центар на Груби.

„Наместо да го користи министерството во интерес на граѓаните, тој го претвори во пропаганден казан, за да ги напаѓа политичките противници. Но тој не ги поштедува ниту обвинителите и судиите, како што беше случајот со медиумски организираните напади врз претседателката на Врховниот суд Беса Адеми. Бараме од премиерот Димитар Ковачевски веднаш да го разреши Артан Груби. Ако молчи премиерот, тогаш ќе се подразбере дека дејствува заедно со Артан Груби и Али Ахмети.“ – изјави Алби Ќамили, претставник на Европскиот сојуз за промени, односно на албанската опозиција