Албанска бизнис групација бара 110 милиони евра отштета од Македонија

Албанска компанија поднесе тужба против Македонија во висина од 110 милиони американски долари пред Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови (ICSID) поради закочениот проект за изградба на хотел и трговски центар во главниот град Скопје, објави Дојче веле.



На 18 август било регистрирано барањето поднесено од „Амадеус групацијата“ со седиште во Тирана.

Компанијата се опишува себеси како комерцијален развивач и водечки дистрибутер на инфраструктурата за снабдување со електрична енергија низ Балканот.

Случајот е поднесен според билатералниот инвестициски договор меѓу Македонија и Албанија.

Ова е најновиот арбитражен спор покренат против земјата.

Вкупната вредност на арбитражните постапки кои што во моментот се водат против Македонија изнесува 1,36 милијарди евра, само за основицата, без камати, со кои износот може да се зголеми и над 1,5 милијарди евра.

Тоа е еднакво на речиси една третина од Буџетот за 2023 година…