Албанија затвори иранско училиште во Тирана

Албанскиот министер за образование Беса Шахини нареди затворање на средно училиште во Тирана кое било финансирано од Иран.



Средното училиште „Саади“ било отворено пред 20 години. На 17 јануари, министерот Шахини нареди училиштето со 38 ученици да престане со својата активност. Наредбата стапи во сила една недела дена подоцна.

Одлуката следува откако премиерот Еди Рама протера двајца ирански дипломати од земјата.

Протерувањето следуваче по убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани ликвидиран со американски дрон.

Двајца ирански дипломати како и иранскиот амбасадор беа протерани минатата година.