Продолжува протекувањето сензитивни податоци за албанските граѓани на Интернет, трет ден откако премиерот Еди Рама им се извини на граѓаните за нарушување на нивната приватност, но и безбедност.
Во третиот документ , овојпат со броеви на регистарски таблички на возила: Објавени се регистарски таблички на 530.452 приватни лица, и 61.513 на бизниси, банки, па дури и амбасади.
„Протечените“ документи содржат информации за секој автомобил, вклучувајќи боја и производител,јавува порталот Exit.al.
Почнувајќи од средата, беа објавени имиња, месечни плати, работни места, матични броеви, па дури и телефонски броеви на повеќе од 630.000 Албанци кои се споделуваат преку медиумските портали и преку WhatsApp.
Премиерот Еди Рама ги повика обвинителите да продолжат со истрагата.
Тој негираше дека има какви било докази за надворешно нарушување на сајбер-безбедноста, нарекувајќи го ова прашање како „внатрешно“ протекување.







