Спасувачки екипи пронајдоа уште три тела под урнатините, со што официјалниот број на загинатите во силниот земјотрес кој го погоди Јадранскиот брег на Албанија, достигна 40.



Операциите за пребарување беа стопирани во Тумане, една од двете најпогодени области, бидејќи се верува дека нема повеќе лица под урнатините. Операциите се уште се во тек во Драч.

Меѓу загинатите, има три се деца на возраст од 3, 4 и 8 години. Нема информација за бројот на исчезнати лица.

Досега се спасени 45 лица, од кои тројца се во сериозна состојба.

Се претпоставува дека под урнатините има уште 20 лица.

Бројот на повредени е околу 650.

Сите жртви биле предизвикани од уривањето на три станбени згради и три хотели во Драч како и две станбени згради во Туман., јавуваат албански медиуми.