Четворица чешки државјани се уапсени под сомнение за шпионажа во Албанија.
Чесите се приведени откако насилно влегле во воен објект, шетале низ тунелите, фотографирале и снимале. Албанското Министерство за одбрана соопшти дека интервенирано е откако е забележано движење на неидентификувани лица во и околу објектот.„Уапсени се четворица чешки државјани, двајца мажи и две жени. Мажите влегле во еден од тунелите, кои се функционални меѓу себе, со кршење на влезната врата, снимале и фотографирале. Воената полиција во соработка со државната полиција веднаш ги изолира влезовите во тунелите, што речиси сите се меѓусебно поврзани, а по извршената контрола привеле двајца чешки државјани,се вели во соопштението.
Двете жени биле затекнати надвор од објектот како фотографираат, па биле приведени.
Според првичните информации, Чесите влегле во тунелот во кој се наоѓале машини за производство на делови за противвоздушна опрема.
Ова е втор сличен инцидент за само 24 часа. Двајца албански војници се повредени откако двајцата руски државјани заедно со Украинецот се обиделе да влезат во воен објект во централна Албанија. 360 степени







