Македонската заедница во Албанија веќе седум години бара од албанските власти да се формираат две нови општини – Голо Брдо и Гора. Според претседателот на македонското друштво „Илинден“ – Тирана, Никола Ѓурѓај, со нивното формирање ќе се олесни животот на Македонците во овој дел на Албанија.



„По седум години од реформата на територијална организација на локалната самоуправа, областите Голо Брдо и Гора каде што живеат Македонци, останаа неразвиени, а услугите од државната администрација и локалната самоуправа отежнати. За еден извод се патува два часа, а снабдувањето со храна и лекови и натаму тешко се остварува.

Тие испратија и соопштение до медиумите во кое пишува дека градоначалниците не треба да бидат именувани од Владата туку избрани на општи непосредни и тајни избори од граѓаните заради „доверба во системот и непосредното решавање на локалните комунални проблеми“. МИА