Албанија купи противтенковски проектили „џавелин“

Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши објави дека неговата земја купила американски противтенковски проектили „џавелин“.



На својата страница на Фејсбук тој појасни дека Албанија потпишала договор со американската компанија „Локид Мартин“, но не ги прецизира бројот на проектилите, цената и времето на испорака.

„Ова оружје, модерно и ефикасно, со радиус до 4 километри, е само една фаза од тековниот процес на модернизација на оружените сили на Албанија, благодарејќи на поддршката и на соработката со стратешкиот сојузник САД“, стои во објавата на Пелеши.